humanize - онтологија

зачовечи повеќе

зачовечат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да станува човек, да личи на човек.
Албански: fillon të bëhet njeri
Примери:
Детето веќе потпорасна, зачовечи.
(се зачовечи) Почне да се подобрува како човек.
Албански: fillon të bëhet njeri
Примери:
Стариот се зачовечи, се спитоми, не беше оној стариот.

очовечи повеќе

очовечат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого човек, направи некој да стане почовечен, похуман; пренесе особини на човек.
Албански: njerëzoj
Примери:
Јас го очовечив, инаку за никаде беше.
(се очовечи) Стане подобар, почовечен.
Албански: bëhet njeri, njerëzohet
Примери:
По толку лоши работи, на крајот се очовечи.
(се очовечи) Добие лик на човек.
Албански: merr pamjen e njeriut
Примери:
Бебето веќе се очовечило.

поочовечи повеќе

Види и: очовечи (св.)
поочовечат
Вид збор: Глагол, свршен
Очовечи некого малку, во некоја мера.
Албански: njerëzoj pak
(се поочовечи) Се очовечи малку, во некоја мера.
Албански: njerëzoj pak

хуманизира повеќе

хуманизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави човек, станува хуман.
Употреба: Книжевен збор